НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарката за чие дежурство починаа четири бебиња ќе работи под надзор

0
By Нова ТВ on October 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лекарката од скопската клиника за гинекологија на чие дежурство починаа четири новороденчиња, а таа не беше на работното место во тој момент, следните шест месеци ќе зема 30 отсто помала плата и ќе работи само прва смена под надзор на друг специјалист, а привремено и е стопирана субспецијализацијата за неонатологија што и ја плаќа Клиниката.

Ова е одлуката на дисциплинската комисија за која денеска информираа од комисијата, а е прифатена од страна на директорката на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска.

– Ја прифатив одлуката на дисциплинската комисија со која се согласувам. Одлуката на дисциплинската комисија е дека докторката е казнета парично максимално и одземена и е субспецијализацијата во тој период. Овие шест месеци, додека е казнета, ќе работи само од изутрина, под надзор на колеги и нема право да дежура во некоја друга установа. Ова е конечна одлука, изјави денеска Јовановска.

Членот на дисциплинската комисија, Сашо Стојчевски рече дека одлучиле со мнозинство гласови да се прифати оваа казна која е практично заснована на статутот на Клиниката за гинекологија и акушерство и Законот за здравствена заштита.

Тој посочи дека не била утврдена стручна одговорност кај докторката од посебната комисија на Министерството за здравство која ги испитувала сите случаи на четирите смртни случаи на новороденчиња.

– Стручна одговорност кај докторката нема и одлуката се темелеше само на дисциплинската одговорност. Прекршокот е утврден, казната е доставена согласно прописите и законот. Сметаме дека ова би требало да биде соодветна казна на колешката која го има направено овој дисциплински пропуст, односно прекршок, додаде Стојчевски.

Од Клиниката информираат дека додека била на дежурство докторката направила два прекршока: го напуштила работното место без да побара замена и не се појавила на породување со царски рез.

Инаку, ова не било првпат лекарката да излезе за време на дежурство за приватни потреби. Раководството на Клиниката барало построга казна, но Синдикатот застанал на нејзина страна. Од Клиниката велат дека сега таа е под надзор и доколку ова се повтори таа може да добие отказ.

ВИДЕО:Вистината за енормната смртност на новороденчиња на гинекологија

 

ГАК казнета лекарка починати новороденчиња
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.