Владата вчера донесе мислење кое вели дека Уставниот суд треба да ја запре постапката за преиспитување на уставноста на членот 175 од Законот за следење на комуникациите затоа што “оваа иницијатива е парцијална и не ѝ приоаѓа на оваа тема сеопфатно и пресретнува еден процес кој е веќе во одмината постапка”, вели Владата.
Овој член и дава можност на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) директно да прислушува преку телекомуникациските оператори.
“Поради нагласен интерес на јавноста во врска со одлуката на Владата на Република Македонија, на Уставниот суд, на негово барање да му достави мислење за прекинување на постапката за преиспитување на уставноста на членот 175 од Законот за следење на комуникациите, информираме дека Владата на Република веќе работи на реформите на безбедносниот систем, вклучувајки ја и УБК и на Законот за следење на комуникациите”, се вели во соопштението на Владата.
Уставниот суд во јуни донесе одлука да поведе постапка за утврдување на уставноста овој член, откако мнозинството судии на седницата изразија сомнеж дека преку членовите 168 и оспорениот 175, на УБК и на МВР им се овозможува произволно и неконтролирано следење на комуникациите преку телекомуникациските оператори.
Судот не донесе конечна одлука бидејќи работи во скратен состав, поради истекот на мандатот на тројца судии па нема мнозинство за донесување конечна одлука.
Инаку, укинување или измена на членот 175 од Законот за електронски комуникации е и една од препораките во извештаите на германскиот експерт Рајнхард Прибе.
“Предлозите на законските решенија на работната група, направени согласно препораките на меѓународните и домашните експерти, се во завршна фаза и наскоро ќе бидат објавени. Тоа е и во приоритетите на Планот 3-6-9. И тоа во овој, тековен временски интервал од планот.
Во подготовката на овие промени, Владата на РМ се раководи од идејата реформата во оваа област да биде транспарентна, темелна и сеопфатна и да биде под целосна контрола на институциите”, соопшти Владата.