Конгресменот Ал Грин, демократ од Тексас, поднесе резолуција за отповикување на претседателот Доналд Трамп, но ја повлече веднаш пред да почне каква било законадавна расправа.
Тој сепак најави дека повторно ќе поднесе таква резолуција и планира на крајот да издејствува гласање за неа.
Резолуцијата од 15 страници беше поднесена во Претставничкиот дом, и во неа Трамп не се обвинува за злосторства, бидејќи според него тоа не е неопходно за разрешување.
Наместо тоа, конгресменот тврди дека Трамп, меѓу другото, поттикнува расизам, сексизам, омраза, ксенофобија и ги наведува изјавите и постапките на Трамп за муслиманите, жртвите од ураганот во Порторико, трансродовите лица, спортистите.
Со помош на посебна процедура, Грин би можел да издејствува гласање на резолуција за отповикување на претседателот Трамп.