Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага на осомничениот за убиството на Вал-дали бил масовен убиец

0
By Нова ТВ on October 13, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 13, 2017 09:10

Истрагата за мистериозната смрт на шведската новинарка Ким Вал на подморницата на данскиот ексцентричен научник Петер Мадсен, се разви во една од најбизарните приказни на овој век.

Откако пред неколку дена во торба во заливот Коге Беј, јужно од Копенхаген полицијата ја пронајде главата и нозете на убиената новинарка, почнува да се составува мозаикот околу нејзината мистериозна смрт. Претходно, на 21 август беше пронајден трупот. Но, не само околу нејзината, туку и смртта на цела низа други убиства на обезглавени жени.

Зад овие монструозни злосторства веројатно се крие генијалниот иноватор и бизнисмен со крајно патолошка карактерна структура.

Ким Вал

46 годишниот Петер Мадсен пловел низ светот со сопствена подморница која самиот ја конструирал, а средствата за изградба ги собрал со краудфандинг кампања. Ким Вал пред два месеци, како ексцентрична и медиумски интересна фигура, дошла да му прави интервју во подморницата, за потоа да исчезне.

Мадсен најпрво се држел до приказната дека новинарката по интервјуто ја истоварил на копно, но набрзо нејзиното торзо било пронајдено како плови по морето.

Подморницата “Наутилус” данскиот бизнисмен во меѓувреме ја потопил, тврдејќи дека потонала поради технички дефекти, меѓутоа, се верува дека тоа го направил за да ги скрие трагите од злосторството.

Другата верзија на неговата одбрана гласела дека Ким Вал настрадала во несреќа на подморницата, кога поклопецот ја удрил во глава, па тој нејзиното тело потоа го фрлил во морето. Но на нејзината глава не се наоѓаат никакви такви повреди.

Меѓутоа, не дал никакво објаснување на прашањето како телото на новинарката останало без глава и екстремитети. Подоцна, кога било утврдено дека телото било сечено со остри сечива, а новинарката има дури 14 убодни рани стомакот и гениталиите, Мадсен конечно бил обвинет за убиство и злоставување на трупот.

ДНК на жртвата била пронајдена на многу делови од телото на бизнисменот, вклучувајќи и гребаници по вратот и лицето.

Инспекторите, кога ја пребарувале потонатата подморница, откриле снимки на лап топот на Мадсен кои прикажуваат мачење и распарчување на други жени, за кои сметаат дека се снимки од вистински убиства. Мадсен се брани со тоа дека тој лап топ не бил само негов, туку го користеле и други.

Биографот на Мадсен подоцна ја објави приказната дека тој бил вклучен во сексуално експериментирање и покрај тоа што веќе бил во љубовна врска.

Полициски нуркачи во меѓувреме најдоа и пила во близина на рутата на подморницата, а истрагата треба да потврди дали таа е користена за обезглавување и отсекување на нозете и рацете на новинарката Вал.

Полицијата во Копенхаген потврди дека пилата е најдена во средата, во близина на рутата која ја поминала подморницата на Мадсен на 11 август.

Претходно неделава, Мадсен објави преку неговиот адвокат дека не сака повеќе да одговара на полициски прашања во врска со случајот.

Данска Ким Вал новинарка Петер Мадсен убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.