Народната банка на Украина вчера соопшти дека новата руска банкнота од 200 рубљи на која има фотографии од споменикот во Севастопол, локалитетот Херсонес и мапата на Крим ќе биде нелегална во Украина почнувајќи од 17 октомври.
Банките и менувачниците нема да ги примаат овие банкноти. Банката соопшти дека ќе ги забрани сите руски пари на кои се прикажани „мапи, симболи, згради, споменици“ или други објекти „сместени на украинска територија окупирана од Русија“.
Русија во 2014 година незаконски го анектираше Крим од Украина, и за цело време им пружа поддршка на проруските сепаратисти во конфликтот во источна Украина.