Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Десетина приведени, дисциплински и за полицајци

0
By Нова ТВ on October 15, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 15, 2017 20:51

Изборниот ден помина мирно без сериозно нарушување на јавниот ред и мир, оцени  министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски на вечерашната прес-конференција, посочувајќи дека се забележани повеќе мали инциденти.

До полицијата поднесени се 46 пријави за фотографирање на гласачко ливче, гласање за друг, поткуп, носење гласачи на избори.

Во полциската статистика, како што рече Спасовски, евидентирани се 44 прекини на гласања, на одделни избирачки места каде по консултации и краток застој за 15 до 20 минути гласањето е продолжено.

Тој појасни дека по однос на пријавите од 10-те случаи за фотографирање на гласачко ливче сите овие настани се расчистени при што 10 лица се приведени од кои четири во Скопје, две во Охрид, и по едно во Центар Жупа, Куманово, Струмица и Гостивар.  Додаде дека е приведено и едно лице од Скоје за неовластено снимање.

Против сите овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Спасовски истакна дека се расчистени и настаните од нарушувањата на јавниот ред и мир во село Горно Седларце, Тетовско и скопската населба Бутел.

Приведени се три лица под основно сомнение за давање поткуп при гласање во Битола во близина на избирачкото место во ОУ „Ѓорги Сугаре“. По основ на гласање во име на друго лице приведени се две лица во Мирковци и во Кавадарци.

Министерот истакна дека по пријава на член од Избирачки одбор од Ресен на гласачкото место во ОУ „Мите Богоевски“ откриен е гласач кој дошол на гласање роден во Република Албанија, а со лична карта со адреса на живеење идентична на адресата на пријавителот, односно членот на ИО. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Во текот на денот одделот за внатрешна контрола на МВР, како што соопшти минитерот, постапувал во шест случаи во кои е пријавено дека полициски службеници се однесувале незаконито или непрофисионално.

– Констатирано е дека три пријави се неосновани, една основана, една е без докази да се потврдат или отфрлат наводите и еден случај се уште се работи, рече министерот за внатрешни работи и додаде дека против полицискиот службеник за кој е констатирано дека или за кој ќе се констатира дека постапувал непрофсионално ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки.

МВР потенцира и во иднина ќе постапува единствено штитејќи ги правата на граѓаните и обезбедувајќи им достоинствени услови за изразување на нивната волја.

локални избори 2017 МВР приведени Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.