НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки и Коалицијата СЗПМЗ со кривична пријава за Јакимовски

0
By Нова ТВ on October 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници најостро го осудуваат говорот на омраза на кандидатот за градоначалник Стефчо Јакимовски, со кој омаловажува и поттикнува на омраза кон маргинализирана група со што врши кривично дело.

-На 13.10.2017 година, на митинг во предизборна кампања, кандидатот за градоначалник и досегашен градоначалник на општина Карпош, Стефчо Јакимовски, во својот говор користи навредливи и деградирачки зборови со цел да го „нападне“ против-кандидатот, наведувајќи дека за него се зборувало дека е хомосексуалец. Притоа, посочува на хомосексуалноста, нарекувајќи ја „најопасната мафија“, „мафија која сака да се инсталира во општина Карпош“. Ваквиот говор на кандидатот за градоначалник    претставува кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ согласно член 319 од Кривичниот законик на Република Македонија, се вели во соопштението.

Од Хелсиншкиот комитет потсетуваат дека на спорниот говор на кандидатот за градоначалник претходеше екстензивна пропаганда против луѓето со различна сексуална  ориентација забележана во печатени материјали низ општината со навредлива и вознемирувачка содржина кон ЛГБТИ заедницата

Според Хелсиншкиот комитет и Коалицијата СЗПМЗ, од исклучителна важност во конкретниот случај се неколку елементи.

-Прво, застрашувачки е фактот што лицето кое континуирано шири говор на омраза е градоначалник на општина Карпош во изминатите 8 години, односно е носител на јавна функција и избран претставник на граѓаните, кој особено влијание врз градењето на јавното мислење и јавните политики на општината. Второ, говорот на градоначалникот (и кандидатот за градоначалник) е одржан на јавен собир –митинг во рамките на предизборна кампања за претстоечките локални избори, каде што има пристап и влијание до поширока публика односно голем дел од гласачкото тело. Трето, и можеби најважно,  е дека  јасно се гледа намерата на говорникот да омаловажи и деградира една цела маргинализирана група, врз основ на сексуална ориентација, нарекувајќи на „најопасна мафија“ и алудирајќи на неа како штетна за општеството односно општината, се истакнува во соопштението.

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Коалицијата СЗПМЗ ќе поднесат кривична пријава до основното јавно обвинителство за лицето Стефчо Јакимовски, за сторено кривично дело според член 319 од Кривичниот законик, за кое е пропишана казна затвор од една до пет години.

-Потсетуваме на неопходноста за следење на судската пракса на меѓународните судови, односно праксата на Европскиот суд за човекови права. Аналогно на конкретниот случај, посочуваме на случајот Ферет против Белгија, во кој претседател на политичка партија е осуден за користење говор на омраза во предизборна кампања, кон маргинализирана група (во случајот, ксенофобичен говор кон мигрантите), со кој предизвикува и поттикнува омраза и омаловажување. Европскиот суд за човекови права ја потврдува изречената казна кон политичарот, која се состои во општо-корисна работа со маргинализираната група кон која е насочен говорот на омраза, како и десетгодишна забрана за кандидирање за јавна функција. Затоа, обвинителството и судот треба да ги имаат предвид сериозноста на искажаните зборови од страна на јавна личност која има влијание врз другите и контекстот, односно употребата на говор на омраза во време на предизборна кампања кога искажаните зборови на политичарите имаат засилено влијание, истакнуваат од овие две организации.

Оваа изјава на екс градоначалникот на Карпош беше објавена на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/irena.cvetkovik/videos/10214446404898355/

говор на омраза Јакимовски Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.