Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постапката за Грујевски и Бошковски ќе трае од 4 до 6 недели

0
By Нова ТВ on October 20, 2017 ПОЛИТИКА
Фото: ДВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 20, 2017 14:39

На крајот на ноември или во првите недели на декември годинава може да се очекува екстрадицијата на двајцата македонски државјани кои во средата вечер беа уапсени на аеродромот во Солун, во обид да ја напуштат Грција. Во изјава за ДВ, функционер на грчкото Министерство за јавен ред и заштита на граѓаните кој инсистираше на анонимност затоа што не смее јавно да го коментира случајот, рече дека целата постапка „по правило трае од 4-6 недели“. Дотогаш, двајцата обвинети ќе бидат во екстрадиционен притвор, објави Дојче веле.

Двајцата бегалци од правдата, 51-годишниот поранешен началник на Петтата управа на УБК Горан Грујевски и 35-годишниот вработен во УБК Никола Бошковски (35) во Македонија се обвинети од Специјалното јавно обвинителство во предметот „Тврдина и таргет“. Тие се гонат за незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на дел од таа опрема. Двајцата беа недостапни за органите на прогонот од моментот кога Апелацискиот суд во Скопје на 26 јули годинава издаде налог за нивно апсење.

Престојот и целта – непознати

Од грчкото министерство и натаму одбиваат да дадат информација кога и на кој начин Грујевски и Бошковски влегле во земјата, колку долго и каде престојувале и која била целта на нивното следно патување. Двајцата беа уапсени на аеродромот во Солун во средата вечер, откако грчката полиција ги открила нивните фалсификувани бугарски пасоши. Дел од грчките медиуми наведуваат дека тие сакале да отпатуваат во друга земја-членка на ЕУ, додека некои попрецизно тврдат дека планот им бил да заминат во Будимпешта. Но, официјална потврда засега нема. Според неофицијални информации на ДВ, двајцата првично престојувале во вила на првиот крак на Халкидики, а потоа се префрлиле во стан во Солун.
Грчкиот функционер кој зборуваше со ДВ тврди дека се уште немаат таква информација. Тој потврди дека двајцата вчера биле изведени пред обвинител во врска со екстрадициската постапка и таму тврделе оти се жртви на монтиран процес и оти не сакаат да се вратат во Македонија затоа што таму животот би им бил во опасност. Денеска Грујевски и Бошковски ќе присуствуваат на рочиште во судот во Солун каде се обвинети поради поседување фалсификувани патни исправи.

Според грчките медиуми, Апелацискиот суд во Солун „во блиска иднина“ ќе одлучува заекстрадицијата на двајцата припадници на македонската Управа за безбедност и контраразузнавање.

Постапката од македонска страна ќе ја води Министерството за правда. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека Македонија „очекува да се испочитуваат сите меѓународни договори и стандарди во случајот и целата постапка ќе биде завршена во рамки на реални рокови“.

Горан Грујевски екстрадиција Никола Бошковски Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.