Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Убиството на Кенеди) Објавени само дел од документите за атентатот

1
By Нова ТВ on October 27, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 27, 2017 11:03

Администрацијата на Доналд Трамп ги објави класифицираните документи за убиството на претседателот на Америка, Џон Ф. Кенеди во 1963 година.

Папката содржи 2.800 документи за кои Трамп рече дека треба да бидат објавени бидејќи јавноста заслужува целосно да биде информирана по неколку децении теории на заговор.

Но не се сите податоци објавени, пишуваат американските медиуми, бидејќи владини агенции не сакале некои од записниците да излезат во јавноста.

Извори од Белата куќа јавуваат дека Трамп сакал сите документи да бидат објавени, но кога на своето биро во четвртокот ги добил папките, одредени национални агенции побарале одредени записници да останат тајни бидејќи немало време да се проверат сите.

Како што навршувал крајниот рок, Трамп се соочил со дилемата дали да ги објави сите 3.100 документи интегрално или 2.800 кои биле проверени, по што иако не бил среќен, се одлучил за второто.

Чувствителните документи, според извори од Белата куќа, содржеле информации за идентитетот на информантите.

Инаку, во еден од објавените документи се вели дека ФБИ ја предупредил полицијата дека имало закани за убиство упатени кон убиецот на Кенеди, Ли Харви Освалд, кој пак, беше застрелан во полициски подрум во Далас, два дена по убиството на Кенеди.

„Ја известивме полицијата и тој гарантираше дека Освалд ќе добие соодветна заштита“, се вели во еден од документите потпишан од тогашниот директор на ФБИ, Едгар Хувер.

Додека се уште се анализираат сите документи, објавено е и дека има записник на ЦИА во кој е наведено дека Освалд имал средби со претставник на руското КГБ во амбасадата на Русија во Мексико Сити.

Неколку часа пред убиството на Кенеди, британски регионален весник, „Кембриџ Њуз“ добил повик во кој било наведено дека нешто големо ќе се случува во САД.

Претседателот Кенеди беше убиен на 22.номеври 1963 година додека парадираше со кабриолет лимузина низ Далас.

За убиството е обвинет поранешниот маринец Ли Харви Освалд, кој според судот, пукал во Кенеди од библиотека близу местото на убиството.

Во 1992 година, Конгресот донесе закон во кој сите записници поврзани со убиството, околу 5 милиони страни, да бидат затворени за јавноста во наредните 25 години.

Иако по убиството излегоа илјадници книги, емисии и филмови кои го разгледуваат атентатот, никој досега не даде убедлив доказ дека Освалд, работел со некој друг за да го елиминира претседателот на Америка.

атентат Кенеди Трамп убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.