НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: Помали нерегуларности во вториот круг од гласањето

0
By Нова ТВ on October 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На девет гласачки места во општина Тетово имало прекин на електрична енергија, но гласањето не било прекинато, информира на вечерашната завршна прес-конференција Граѓанската асоцијација МОСТ.

Дарко Димитриоски нагласи дека станува збор за гласачките места 2080, 2081, 2082, 2083, 2084, 2085, 2086, 2087, 2088, каде околу еден час имало прекин на електричната енергија. Гласањето не било прекинато во овој период, бидејќи имало услови за истото да продолжи.

Непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори е забелеажно на гласачкото место 2901, во општина Чаир, каде гласач гласал без претходно да биде проверен во избирачкиот список. По гласањето се увидело дека тој не е запишан во избирачкиот список во ова избирачко место, туку во соседното избирачко место. Била повикана ОИК, направен бил записник, а гласањето било прекинато 15 до 20 минути.

Избирачките одбори од двете гласачки места направиле записник за случајот, а гласачкото ливче ќе се смета за важечко.

На гласачкото место 887, во село Спанчево, во општина Чешиново-Облешево, на гласач не му било дозволено да гласа, зашто веќе имало потпис на неговото место во избирачкиот список. Била повикана ОИК и бил направен записник. Лицето поднело приговор до ДИК, но ДИК истиот го одби.

На гласачкото место 2531/1, во општина Гази Баба, еден гласач гласал иако имал мали траги од невидливото мастило. ИО со седум гласа „за и три гласа „против“ одлучил да му дозволи да гласа и направил записник за случајот.

Технички проблеми со изборниот материјал имало во гласачкото место 2509, во општина Гази Баба, каде еден гласач не можел да гласа.

На ова гласачко место недостига една страница од избирачкиот список, поради двојно печатење на друга страница од истиот. ИО направил записник за случајот.

Златко Димитриоски нагласи оти се забалежани и проблеми предизвикани од неовластени лица

Во село Ваташа, општина Кавадарци, пред Спомен домот во кој се сместени гласачките места 0691 и 0692 имало присуство на неовластени лица. Полицијата реагирала и ги отстранила овие лица.

Тој додаде дека има и случаи на непочитување на постапката на гласање од страна на гласачи

На гласачкото место 2657 во општина Кисела Вода, зад параванот било пронајдено гласачко ливче.

ИО го поништил ливчето и направил записник за случајот. За случајот расправаше и ДИК на својата седница и ја потврди одлуката на избирачкиот одбор.

На гласачкото место 0673, во општина Кавадарци, гласач го фотографирал гласачкото ливче позади параванот.

ИО реагирал, била повикана ОИК и полиција и направен бил записник за случајот.

Димитриоски додаде дека МОСТ утре ќе дадат генерална оценка за вториот круг од шестите локални избори во земјава.

изборни нерегуларности МОСТ прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.