Само 3% Македонци имаат пари за потрошувачката кошничка, затоа што само толкав процент од вработените добиваат плата повисока од 30 илјади денари.
Ако ја имаме предвид висината на потрошувачката кошничка од 32.571 денари, тогаш е очигледно дека недостасуваат сериозен дел на средства за задоволување на потребите на едно четиричлено семејство, вели претседателот на ССМ Живко Митревски во неделното интервју на Радио Слободна Европа .
Апсолутно има потреба да се зголемуваат платите во Република Македонија, ако се имаат предвид и предвидувањата за зголемување на цените на производите, за зголемување на цените на храната, вели Митревски.
Средната плата во Македонија е околу 220 евра, додека нема казнети за неисплаќање минимална плата, констатира претседателот на Синдикатот.