НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втор обид за почеток на судењето на екс градоначалникот Талески

0
By Нова ТВ on November 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судско рочиште за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески, денеска треба да се одржи во скопскиот Кривичен суд.

Минатото рочиште, на 28 септември, беше одложено поради неприсуство на обвинетата Јасмина Никиќ Десановска.

Според одбраната, обвинетата Никиќ-Десановска поради сообраќајна незгода била спречена навреме да пристигне од Битола во  Скопје. Судечкиот совет, главната расправа ја одложи за денеска, за кога, како што најави, ќе испрати и опомена за нејзино стражарно приведување.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

СЈО кон крајот на април поднесе обвинение за овој случај, но поради фактот што дел од обвинетите одбивале да ги примат поканите, судењето е закажано за септември.

Обвинението е за злоупотреба на буџетски пари  во вредност од 360.000 денари поради незаконски  организиран  автобуски превоз.

Талески, како и претседателот на Комисијата за јавни набавки, кои во договор со директорите на училиштата и раководните лица на неколку превозни компании се обвинети дека организирале превоз за учениците во општината.

СЈО за 11 лица достави предлог за притвор, а беше побарана и забрана за располагање со имот ,како и конфискација за 3 стана, 6 патнички возила и 33 автобуси.

Минатата година, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му изрече  на Талески  домашен притвор, кој два пати беше продолжуван.

По три месеци, Апелацискиот суд во Скопје ја укина оваа мерка  и досуди поблага мерка на претпазливост.

Во август Битолското обвинителство отвори нов случај „Транспортер 2“, каде Талески повторно се сомничи за злоупотреба на службената положба и грабеж на општинската каса, со незаконски тендери за превоз на ученици во учебната 2013 – 2014 и 2015- 2016 година.

Владимир Талески судење транспортер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.