Рафаел Надал имаше мала непријатност за време на Мастерсот во Париз. И покрај десетте триумфи на Ролан Гарос, сепак, сè уште има ликови во француската престолнина кои не го препозаваат шпанскиот тенисер.
Моментно водечкиот на АТП ранг листата се впушти во релаксирачка прошетка низ тенискиот комплекс во градот на светлината. Неговата крајна дестинација беше зоната во која тенисерите го минуваат слободното време пред настапите во „Берси арена“. Но, при влезот мораше да одговори кој е по што беше пропуштен од вработен во обезбедувањето.
https://www.youtube.com/watch?v=HZzkUzbZQJM
„Добар ден господине. Може да ја погледнам вашата акредирација?“, го праша обезбедувачот.
„Не ја носам со мене“, одговори Надал.
„Кој сте вие?“, возврати обезбедувачот.
„Рафаел Надал“, се претстави шпанскиот ас.
„Надал. Ок. Благодарам“, рече вработениот во комплексот и дозволи да мине освојувачот на 16 гренслем трофеи.