НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска пресуда за Грујевски, неговите соучеснички под голем притисок

0
By Нова ТВ on November 8, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска Кривичниот суд ќе ја објави пресудата за седуммината обвинети во случајот Тврдина 2. Ова ќе биде прв од десетиците случаи на СЈО кој ќе дојде до завршница.

Обвинети се Горан Грујевски како началник во Управата за безбедност и контраразузнавање и шест службенички.

Тие се товарат дека незаконски уништиле 2.047 документи, од кои дел  биле поврзани со набавката на опремата за прислушување. Првообвинет е Грујевски, кој моментално се наоѓа во затвор во Солун и чека екстрадиција, откако на солунскиот аеродром заедно со Никола Бошковски (обвинет во Таргет) биле фатени со лажни пасоши под имињата Христо Атанасов и Неџби Хасан.

Грујевски е обвинет во неколку случаи на СЈО, во Тврдина 2 се товари  дека незаконски издал наредба за формирање на комисија за попис и годишно ништење на материјали со која

Останатите шест обвинети во овој случај биле членовите на комисијата која требала да одлучи кои материјали и документи треба да бидат уништени.

Сите членови на оваа комисија Грујевски одлучил да бидат жени – службенички во УБК. Според она што беше кажано на судските рочишта, овие шест жени биле секретарки во Управата и се уште не се знае, зошто секретарки биле оставени на одлучуваат кои материјали (меѓу кои и класифицирани документи) повеќе не биле потребни и требало да се уништат.

НОВА ТВ од неофицијални извори кои имаат сознанија за судскиот процес, дознава дека шесте обвинети како соучеснички во ова дело се соочувале со огромни притисоци и закани кон нивните семејства за да не сведочат против Грујевски. Меѓу нив има мајки на малолетни деца и самохрани родители. Според нашите извори, тие биле избрани само затоа што Грујевски сметал дека полесно ќе може да манипулира со нив за да ја извршат задачата.

СЈО бара алтернативни мерки за шесте секретарки во УБК

Максимална затворска казна за поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, побара обвинителката Ленче Ристоска на  завршните зборови на рочиштето за случајот „Тврдина 2“. Таа побара судот да ги цени отежнителните околности, односно тоа што обвинетиот иако знаел дека постапката е во тек, избегал.

За останатите шестмина обвинети, Ристоска побара алтернативна казна и побара судот да ги цени отежнителните околности како тоа што ниту една од нив не се покајала за дејството, но и олеснителните околности како тоа дека ниту една од обвинетите нема никаква дамка во службата во претходното работење и дека дел од нив се мајки на малолетни деца.

„Алтернативни мерки значи условна осуда. Да биде определена казна затвор, но во исто време да се даде шанса казната затвор да не се изврши доколку во рок определен од судот, обвинетите не сторат ново кривично дело. За ова се одлучивме затоа што се работи за обвинети кои имаат професионални досиеја без дамка и се долго време во службата“, рече Ристоска.

Обвинети во Тврдина: Дејствувавме по наредба на претпоставениот началник Грујевски

Пет од службеничките од УБК, кои помогнале да се уништат доказите поврзани со системите за прислушување во текот на судењето од своите адвокати не беа повикани да сведочат, што претставува реткост, ако не и преседан во вакви судски процеси.

На последното рочиште на кое се кажуваа завршните зборови, тие прв пат проговорија. Во своето обраќање, сите со прст посочија кон Грујевски и рекоа дека се што правеле било по наредба на претпоставените.

„Во УБК сум долги години и секогаш својата работа сум ја работела професионално без никакви забелешки. Секогаш сум ги почитувала наредбите на претпоставените, што стои како опис на моето работно место и сакам да кажам дека и во овој случај постапував исклучиво по наредба на претпоставениот началник“, рекоа обвинетите.

По завршувањето на рочиштето, обвинителката Ристоска во изјава за медиумите, рече дека тоа што обвинетите службенички го посочиле Грујевски би требало да има некакво влијание на пресудата, но останува на судот да одлучи.

Во текот на доказната постапка, како сведок зборуваше само една од обвинетите. Таа негираше дека е виновна и рече дека била наместена.

„Се сретнав со една од колешките и таа ми рече дека ме бара друга колешка која исто така е обвинета во овој случај за да потпишам нешто. Кога отидовме во канцеларијата, ми рече да потпишам некои документи, затоа што тоа било работа на сите секретарки. Затоа потпишав. Не знаев што точно потпишувам, ниту пак дека сум била член на некаква си пописна комисија“, рече обвинетата.

Таа појасни дека како секретарка на началникот В.Ц. и било речено кога ќе дојдат претставниците на пописната комисија да ги донесе црните ќеси во кои биле документите за ништење и на сите да им свари кафе.

Во овој случај, СЈО побара само условна затворска казна за шесте обвинети секретарки на УБК, членови на Комисијата за уништување документи кои, според обвинението, помагале да се изврши кривичното дело од страна на Грујевски. Но, ваквата блага препорака на Обвинителството не може да значи дека за соучесниците во останатите случаи на СЈО нема да биде побарана построга и потешка казна.

Горан Грујевски пресуда Тврдина 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.