Од 9 до 19 ноември 2017 во организација на Младинскиот културен центар ќе се одржат повеќе проекции: Официјална селекција, CineBalkan, Гала програма, Музички документарци, шведски филмови, МК-Кратки филмови, CINEDAYS+, Студентска програма, Детска програма и богата придружна програма од работилници и музички настани.
Ќе бидат прикажани наградените филмови на фестивалите во Кан, Сан Себастијан, Венеција, Берлин, Ротердам.
Организаторот сепак ја издвојува премиерата на филмот “Пченица” на култниот турски режисер Семи Капланоглу, кој воедно ќе биде и почесен гостин на фестивалот за премиерата, но и претседател на жирито во Официјалната селекција.
На репертоарот е и долгочекуваната македонска премиера на филмот “Исцелител” на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески, чија интернационална премера е во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Солун, а е и дел од натпреварувачката програма на еден од најпрестижните европски фестивали Tallinn Black Nights.
Годинава Cinedays 2017 сериозно придонесува кон развојот на европскиот филм во домашни и светски рамки, со што се одвојува специјален фонд за награди од 300.000 денари за Најдобриот филм во Официјалната селекција и 300.000 денари за Најдобриот филм во селекцијата СинеБалкан.
Од 19 ноември започнува Филмскиот маратон, 24 часа, ден и ноќ, без престан, 10 дена по ред, во Џебно кино во МКЦ!
Комплетната програма на фестивалот ќе ја најдете на www.cinedays.mk