Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на средба со невладините за нов закон за донирање вишоци храна

0
By Нова ТВ on November 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 9, 2017 16:15

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставници на Националниот Демократски Институт, вишите програмски менаџери, Слаѓана Марјановиќ Пановска и Филип Чапароски и со претставници од граѓанскиот сектор, Блаже Јосифовски од невладината организација Ајде Македонија, Ана Голешка од граѓанската иницијатива Ретвитни оброк и Тони Станковски, претседател на здружението на граѓани Љубезност, коишто се поддржани од 80-тина невладини организации во иницијативата за носење Закон за донирање вишоци храна.

Иницијативата на невладините организации, којашто е поддржана од американската непрофитна и непартиска организација НДИ, за донирање вишоци храна, е содржана и во Програмата на новата Влада. На состанокот се разговараше за нејзина реализација низ законска процедура, како и за имплементацијата, во што се планира активно да биде вклучен и граѓанскиот сектор.

Претставниците на НДИ и на невладините организации ја поздравија отвореноста на Владата, да се работи активно и заеднички на ова прашање, кое што е регулирано во сите современи демократски држави, а ефектите покрај хуман карактер вклучуваат и економско-социјални придобивки, како и заштита на животната средина.

Претставниците на невладиниот сектор и на НДИ информираа за резултатите од направените анализи и предложија можни решенија, изработени по консултациите со министерствата за труд и социјална политика, за земјоделство, за финансии, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и со бизнис секторот преку стопанските комори.

Податоците, како што беше информирано, покажуваат дека Македонија е меѓу првите земји во светот по глава на жител во однос на фрлање безбедна, употреблива храна, што со законското решение, за кое што се разговараше, треба да биде насочена во хумани цели.

Влада Заев Закон за донирање вишоци храна НДИ средба невладини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.