Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Габер: Членот 11 не постои и по него не може да има помилувања

0
By Нова ТВ on November 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 11, 2017 11:30

Уставниот суд не може да врати еднаш избришана одредба, рече во интервју на емисијата „360 Степени“ на „Алсат“ поранешната судијка во Уставниот суд, Наташа Габер-Дамјановска.

Таа зборуваше за помилувањата донесени од претседателот Ѓорге Иванов и членот 11 од Законот за помилување на кој се повика тој.

„Основниот текст на законот е изгласан во 1993 година и таму го има тој член 11 на кој се повикаа двајца претседатели, Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, па во 2009 година беа донесени измени со кои беше избришан членот, а беа додадени и 4 кривични дела кои не можат да бидат предмет на помилување. Потоа со иницијатива од охридски адвокат се побара укинување на сите измени и дополнувања од 2009. Тоа беше сторено од Уставниот суд, по што се веруваше дека ако се укинат сите измени и дополнувања, се враќаме на претходната состојба, од 1993, во која членот постои. Но тоа така не може да биде. Уставниот суд веќе има неколку такви примери во својата пракса, во која експлицитно кажува дека еднаш избришана одредба не може да ја врати Уставниот суд во поредок, туку единствено кое може е Собранието“, рече Габер-Дамјановска.

Таа додаде дека ако претседателот Иванов сега реши да помилува некого и се повика на член 11 од Законот за помилување, тоа ќе биде залудно, зашто тоа е непостоечка одредба.

Таа зборуваше и за изборот на судија од Македонија во Судот во Стразбур и дека со нетрпение очекува да излезе вистината на виделина за изборот на Јован Илиевски во Европскиот суд за човекови права.

„Јас не можам тоа да го објаснам, заради тоа што навистина е реткост, комисијата којашто ги прави интервјуата да предложи едно име, а некое друго име да биде изгласано од страна на Парламентарното Собрание. Нашиот случај, на Република Македонија, испадна дека е еден од тие исклучоци. Други примери на коишто можам да се сетам беа примерите со Словенија. Судијката којашто беше тогаш предложена од страна на комисијата да биде гласана од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, беше цел на организирана кампања во која се образложуваше зошто таа не би требало да го заземе тоа место. Без да навлегувам дали тој што ја правел кампањата за конкретната судијка бил во право или не, мислам дека ако се направи паралела со овој наш случај, јас немам објаснување зошто се случи тоа така во Парламентарното Собрание – рече Габер-Дамјановска.

Ѓорѓе Иванов Европски суд за човекови права Наташа Габер-Дамјановска Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.