НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска одлука за стечајната постапка за „Фени Индустри“

0
By Нова ТВ on November 13, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на денешниот ден ќе се знае судбината на металуршкиот комбинат „Фени Индустри“ од Кавадарци. За денеска во Основниот суд во Велес е закажно рочиште на кое ќе се одлучува за отворање стечајна постапка во комбинатот, а и бугарски „Енекод“ до денеска има рок да достави нова подобрена понуда до банките, најголеми доверители во „Фени“.

– Се очекува до понеделник „Енекод“ да даде подобрена понуда кон банките, но  и доколку тоа не се случи повторно сум оптимист дека и преку судска постапка ќе настане реактивирање на Фени за месец и половина до два. За компанијата има повеќе заинтересирани инвеститори, а погодува и цената на фероникелот која во моментов расте, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во петокот.

Претседателот на Синдикалната организација на „Фени“ Ѓоре Палитов, пак, во петокот за МИА потврди дека е ставен во мирување дводневниот протест на работниците од „Фени индустри” поради покренатата стечајна постапка  и се чека понудата на бугарскиот инвеститор и ставот на банките доверители.

– Во исчекување сме. Во понеделник е закажано судското рочиште во врска со барањето за стечај од страна на банките доверители. Тогаш ќе се знае дали и каква понуда ќе достави до банките заинтересираниот бугарски инвеститор и каков ќе биде ставот на доверителите, нагласи Палитов.

Дури потоа, рече, работниците ќе одлучат што понатаму, дали повторно ќе протестираат или не. Тие во изминатиот период протестираа пред филијалите на трите банки најголеми доверители и го блокираа патот Росоман-Прилеп.

Привремениот стечаен управник на „Фени Индустри“ Мирослав Анастасиевски порача дека отворање на стечајна постапка во овој момент е единствен начин за зачувување на имотот, спречување на настанување на штети и изнаоѓање на најбрзо можно решение за рестартирање и ангажирање на вработените во одржување на технолошкиот минимум, со изнаоѓање на нов стратешки инвеститор и брз премин кон нормално функционирање.

„Фени Индустри“ има долг од околу 60 милиони евра од кои 40 милиони им должи на Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје. Трите банки како најголеми доверители покренаа стечајна постапка за компанијата. 

Анѓушев Енекод одлука стечај Фени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.