НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеад Кочан се изјасни за невин, за СЈО клучна е лажната документација

1
By Нова ТВ on November 14, 2017 ПОЛИТИКА
Фото мкд.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По 3 часа расправа заврши првото рочиште за случајот Труст на СЈО, во кој првообвинет е бизнисменот Сеат Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија, дека со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. На следното рочиште на 21 ноември е закажана доказната постапка.

Сеат Кочан денеска се изјасни за невин за обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство.

За невини се изјаснија и второобвинетиот Василије Авировиќ и третообвинетиот Сафет Ватиќ. За адвокатката Сања Алексиќ, бранителка на 2 обвинети и на правните лица, вештачењето на СЈО е нерелевантно.

Обвинителот Гаврил Бубевски во воведното излагање рече дека обвинетите Сеат Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „Вато“, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупоребиле приближно 1.060.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Нивниот мотив, според него, бил на нечесен начин да се добие тендер на АД „ЕЛЕМ“ и со фалсификувана документација, да се добие работниот ангажман.

-Главното е дека со невистинита документација е добиен тендер за кој се исплатени 17 милиони  евра. Целокупната постапка по однос на јавната добивка, ја прави ништовна и со тоа самите средства што се добиени се противправна имотна корист. Невистинитоста на документацијата е есенција на кривичното дело, изјави Бубевски.

На прашањето дали е можно, доколку врз основа на бомбите, докаже дека Никола Груевски и Влатко Чинговски се вмешани во овој случај, оваа постапка да се прошири и со други обвинети, Бубевски рече дека во овој момент тие немаат прибавено вакви докази, освен она што го тврдат бомбите.

Адвокатот на третообвинетиот во Труст Сафет Ватиќ, Митко Јанчев, смета дека неговиот клиент не е никакво голем играч, како што се создаде мислење во јавноста и е неправедно обвинет и дека тоа наскоро ќе излезе на виделина.

На прашањето, дали е можно дека тој е можеби измамен од останатите обвинети, со испраќањето фотокопии до Силекс Неметали, Јанчев рече дека тоа е работа што треба да ја утврди Обвинителството и Судот, но истакна дека фирмата ВАТо не дала невистините документација.

Гаврил Бубевски Сеад Кочан судење Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.