Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Војската ја презеде контролата во Зимбабве – Мугабе во притвор

0
By Нова ТВ on November 15, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 15, 2017 08:59

Војската на Зимбабве соопшти денеска дека ги држи во притвор претседателот на земјата Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс, како и дека ги обезбедува владините згради и патролира низ улиците на главниот град Хараре.

Ситуацијата се менува секоја минута и засега не е јасно дали се работи за државен удар или Мугабе е во притвор заради неговата безбедност

Претходно, војниците го уапсија и министерот за финансии Игнатиус Чомбо, откако ја зазедоа власта во обид да се справат „со криминалците околу претседателот Роберт Мугабе кои им причинуваат социјално и економско страдање на луѓето“, соопшти владин извор.

Се истакнува дека Чомбо е водечка фигура во таканаречената Г40 фракција во владејачката партија ЗАНУ ПФ, која ја води Грејс Мугабе, сопругата на 93 годипниот претседател, која сака да го наследи.

Акцијата на армијата следи откако Мугабе го разреши заменик-претседателот Емерсон Монангава, поради спорот околу наследувањето.

 

Воени возила блокираа улици пред Парламентот откако армиски генерали демантираа дека е извршен државен удар.

Во обраќање на националната телевизија тие наведуваат дека нивна цел се „криминалци“ блиски на претседателот Роберт Мугабе.

Според западни медиуми, војници пренасочуваат автомобили кои се движат во близина на Парламентот додека армиски возила се стационирани и пред канцеларии на владејачката партија ЗАНУ-ПФ во главниот град Хараре.

Во меѓувреме влијателниот лидер на воените ветерани кои водеа војна за независност на Зимбабве, Крис Муцванга денека ја повика Јужна Африка и другите држави од југот на Африка, но и Западот повторно да стапат во контакт со Зимбабве.

Американската амбасада во Зимбабве соопшти дека денеска ќе биде затворена, а на својот персонал и своите државјани во земјата им порача да останат во своите домови поради политичката нестабилност.

војска државен удар Зимбабве
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.