Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Третманот на македонскиот јазик ќе биде сеопфатен и стратешки

0
By Нова ТВ on November 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 15, 2017 13:37

Новата Влада искрено и силно е посветена да го негува и да го унапредува македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ, порача денеска премиерот Зоран Заев кој ја отвори втората Меѓународна научна конференција „Минатото на јазичниот свет – денес и утре“ што се одржува во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје.

Заев истакна дека третманот на македонскиот јазик ќе биде сеопфатен и стратешки, исто како и кон институциите кои се занимаваат со него.

– Подготвени сме како Влада да вложуваме во капацитетите што ќе ја развиваат употребата на македонскиот јазик. Тој да биде правилно употребуван во Република Македонија и подостапен за изучување во странство, рече Заев.

Поосчи дека во Програмата предвиделе повеќе мерки за овие цели. Најави дека ќе се води поголема грижа за правилна употреба на мајчиниот јазик од сите чинители и дејци кои имаат влијание на јавноста, медиумите, телекомуникациските оператори, државните органи и институции, со посебен акцент на правилна употреба на јазикот уште кај најмалата популација во почетниот образовен процес.

– Владата ќе го поддржи повторното отворање лекторати за македонски јазик на странските универзитети во другите земји, особено во ЕУ. Ќе ги засилиме врските со дијаспората и преку финансирање часови по македонски јазик во државно-конзуларните претставништва во градови каде е изразен доволен интерес за тоа. Ова се дел од мерките на коишто се обврзавме во владината Програма, а денес пет месеци по формирањето на новата Влада ги имаме и првите сработени активности, потенцира Заев.

Владата, како што рече, во соработка со истакнати македонисти и експерти во областа веќе усвои повеќе предлог-мерки што се насочени кон унапредување на состојбата со македонскиот јазик за чија реализација е задолжено Министерството за култура.

– Предвидуваме фонд за поддршка на изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик од сите области, вклучувајќи изработка на академска граматика, речник, правопис. Мерка за унапредување на нашето јазично богатство, дијалектолошки и историски проучувања на македонскиот јазик. Основање фонд за стипендирање на студирање за македонски јазик на универзитетите во Македонија и ревизија на наставните планови и програми по македонски јазик на сите рамништа на образованието, најави Заев.

Тој исто така рече дека ќе се залагаат и за едноставен и слободен пристап без надомест до капиталните дела-Правопис на македонскиот јазик и Толковен речник на македонски јазик. Во Одборот за стандардизација на македонскиот јазик би членовиле повеќе експерти, а Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура предвиделе да прерасне во Македонистички центар со повеќе функции. Предвидуваат обновување на родните куќи или создавање музеи посветени на значајни личности за македонскиот јазик и култура.

Предвидуваат основање фонд за поддршка на афирмирањето на македонскиот јазик на странските универзитети и отворање и одржување на лекторатите по македонски јазик на овие универзитети. На терен, како што рече, веќе се разгледуваат можности за отворање на лекторатите. Најави Центар за постојана обука за лектори по македонски јазик во странство, како и Школа за подучување по македонски јазик за македонските деца надвор од Македонија.

Гостувањето на македонските научници и уметници на странските универзитети со цел да се афирмира македонскиот јазик и култура, се предлага да се прави преку Годишната програма со определен фонд. Предвидена е и поддршка за собирачката дејност и поддршка на албанската и на другите етнички заедници преку политиката на привлечност, атрактивност за учење на македонскиот јазик и формирање мултиетнички и повеќејазични педагошки и културни друштва.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска посочи дека грев е да се заборави и запостави мајчиниот јазик, како и да не се познаваат неговите јазични права. Таа истакна дека ниеден јазик не е загрозен од правото на другиот да го зборува сопствениот мајчин јазик.

Според неа, јазикот може да се загрози со недоволно познавање на неговите правила, со негова неправилна употреба, со неквалитетна настава по предметот мајчин јазик, со неодговорен однос и непочитување на правилата за лекторирање на пишаните текстови пред нивно објавување.

Заев заштита јазикот Рената Дескоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.