НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на Скопје за бесплатен јавен превоз во деновите на загадување

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на градот Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе се расправа за организирање акција за генерално чистење на градот и за воведување бесплатен јавен превоз во деновите кога ќе има големо загадување на воздухот.

Одлуките се на предлог на градоначалникот Петре Шилегов, а советот треба да ги донесе со мнозинство гласови.

Мерките се однесуваат на забраната за движење на возила до Средно Водно и за бесплатниот јавен превоз во деновите кога надминат прагот на загадувачките супстанции во воздухот.

Забраната за возила до Средно Водно, според најавите, треба да се воведе од овој викенд. Се планира воведување на две нови пробни автобуски линии кои ќе сообраќаат како шатл линии, а ќе се користат и постојните, односно линијата со број 25 до Средно Водно и линијата со број 28 до паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“.

Одлуката за забрана за возила до Средно Водно, како што неодамна изјави градоначалникот Петре Шилегов, следува по поплаките на граѓаните на социјалните мрежи.

Бесплатниот јавен превоз ќе се воведува во деновите кога се надминати праговите на алармирање на загадувачките супстанции во амбиентниот воздух на подрачјето на град Скопје. Во овој случај, градоначалникот со решение ќе го утврдува времетраењето на бесплатниот јавен превоз. Средствата за бесплатниот јавен превоз ќе бидат обезбедени од Буџетот на Град Скопје.

Советот итреба да донесе одлуки за да се воведат бесплатни автобуски линии од центарот на Скопје до Средно Водно и да се овозможи бесплатно паркирање во викенди на паркиралиштата близу до почетните станици на овие линии. Се предвидува и градоначалникот да може да донесува решенија за бесплатен јавен превоз во деновите кога ќе има големо загадување на воздухот.

бесплатен превоз Водно Загадување Совет на Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.