НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алијансата не се откажува од министерското место во здравството

1
By Менче Атанасова Точи on November 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неофицијално, Зијадин Села имал разговор со премиерот Заев и го понудил нивниот кандидат, Вулнет Ферати. Изминатите денови се калкулираше со повеќе имиња, меѓу кои и еминентни лекари како предлог од СДСМ. 

До крајот на неделата, односно викендов  треба да биде назначен нов министер за здравство, брифираат високи извори за НОВА  од Алијансата за Албанците. Нашите извори признаваат дека  изборот многу се развлече, но велат  дека тие не го блокираат процесот. Неофицијално, Зијадин Села имал разговор со премиерот Заев и го понудил нивниот кандидат, Вулнет Ферати.

„Сметаме дека навистина многу се продолжи ова, но во готовност сме, подготвени  да го официјализираме нашиот кандидат“, велат извори за НОВА од Алијансата за Албанците.

Од Алијансата велат дека ова министерско место по редот на нештата им припаѓа на нив, а нивниот кандидат доколку биде назначен само би продолжил таму каде што застана Таравари.

Нема потврда од Владата до каде се преговорите со коалиционите партнери и дали премиерот размислува за понудата на Села.

Од ДУИ пак, велат дека во моментот немаат сериозни претензии кон ова министерство, како и дека се уште не е разгледано ова прашање во партијата.

„Се уште не знаеме ништо, но и немаме некои посебни претензии кон ова министерство. Ќе видиме што ќе одлучат органите на партијата“, изјави за НОВА Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети.

Не се знае дали е ова нов момент во партијата или работите се разбрануваа по сериозните препукувања на двајца  кандидати како претенденти за министерско место.

Изминатите денови се калкулираше со повеќе имиња, меѓу кои и еминентни лекари како предлог од СДСМ. Нема информации до каде е овој процес кој веројатно повторно се развлече  поради  ангажманите и патувањата на премиерот Заев. Пред  една недела самиот премиер изјави дека избираат човек на кој народот ќе му верува, а не партија. Според она што до сега се дознава од партиски извори, но и се шпекулира во јавноста  очигледно,  ќе се избира партија. На кого ќе падне изборот останува да се почека уште неколку дена. Дотогаш, министерското столче и натаму останува празно.

 

Алијанса Избор министер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.