НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крај на ерата на Мугабе: Мнангагва положи заклетва како претседател

0
By Нова ТВ on November 24, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Емерсон Мнангагва положи свечена заклетва како претседател на Зимбабве на церемонија на преполниот стадион во главниот град Хараре.

Ова следи по драматичното заминување од функцијата на Роберт Мугабе, по 37 години авторитарно владеење.

Тој рече дека се чувствува почестен за да ја преземе улогата и вети дека ќе работи на консолидирање на земјата по политичката и расната поделба, „во интерес на сите кои помогнаа да се се случи овој ден”.

-Од мене се бара да и служам на нашата земја како претседател на сите граѓани, „без оглед на расната припадност, верата, религијата, племето, тотемите или политичка припадност”.

Тој му оддаде почит на својот претходник Роберт Мугабе нарекувајќи го “татко, ментор, другар и мој лидер”, што наиде на молк кај присутните на стадионот.

-Негова заслуга е што ја обнови нашата земја, рече тој.

Поранешниот заменик на Мугабе беше разршен од функцијата, наводно поради судирот со сопругата на Мугабе, Грејс, која имаше амбиции да го наследи сопругот на претседателската функција.

Тој ја напушти земјата на почетокот на месецов, кога војската ја презеде власта и го стави Мугабе и неговата сопруга во домашен притвор.

Опозицијата го повика Мнангагва, кој е дел од владејачката елита, да стави крај на “коруптивното владеење“.

Мнангагва се поврзува со некои од најголемите злосторства извршени од владејачката партија Зану-ПФ, од независноста на земјата во 1980 година.

Тој се смета за клучен играч во граѓанската војна во 80-тите, во која беа убиени илјадници цивили. Но, тој негираше каква било улога во масакрите, обвинувајќи ја армијата за тоа.

заклетва претседател Зимбабве Мнангагва Мугабе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.