НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ќе гласа за нов јавен обвинител

0
By Нова ТВ on November 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на Република Македонија денеска треба да гласа по предлогот на Владата, Љубомир Јовески  да биде новиот државен јавен обвинител.

Владата на 7 ноември му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.

На огласот што го распиша Владата на 14 септември за државен јавен обвинител се пријавија 23 кандидати. По пријавувањето на кандидатите, Советот на јавните обвинители, на барање на Владата, и достави образложено мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите. Мислењето на Советот е обврзувачко за Владата, која пак предложените кандидати ги доставува до Собранието.

Кој е Јовески

Шеесет и тригодишниот Љубомир Јовески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител. Во судството е уште од 1979 година, кога станува приправник во Секретаријатот за правосудството на Социјалистичка Република Македонија.

Бил судија во Општинскиот суд, во Основниот суд Скопје 2, а во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител.

Името на Љубомир Јовески ретко се споменуваше во јавноста, се до моментот кога беше посочен како еден од можните кандидати за наследник на Марко Зврлевски.

Јовески во својот имотен лист доставен до Антикорупциската комисија навел дека поседува стан во Скопје од 51 квадратни метри во вредност од 38.000 евра. Вози Рено Меган, а поседува и Југо старо 19 години. Во банка има 7.000 евра и трансакциска сметка од 10.000 денари. Но, има и долгови, односно кредитна картичка со минусно салдо од 150.000 денари.

Во моментот го довршува својот двегодишен мандат во Советот на јавните обвинители, а претходно бил еден од десетината заменици на Зврлевски.

За да биде избран од Собранието на РМ за Јовески треба да гласаат 61 пратеник. Мандатот на Јавниот обвинител на Република Македонија е шест години.

Лилјана Спасевска, ја извршува оваа функција, откако Марко Зврлевски беше разрешен на 17 август.

Повеќе точки на денешната седница

На дневен ред на денешната седница се измените на Законот за заштита на сведоци, што ги бараше Специјалното јавно обвинителство, со кои на ова обвинителство треба да му се овозможи да одлучува кој ќе биде заштитен сведок во постапките што се под негова надлежност.

На седницата ќе се расправа и за измените на Законот за Судскиот совет, за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување факти и поведување постапка за утврдување одговорност за судија, за измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување, за Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и за измените на Законот за акцизите, сите по скратена постапка.

гласање државен јавен обвинител Љубомир Јовески Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.