Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во синоќешното гостување во Ноќното студио на Телма, јавно говореше за тоа што му се случувало за време на издржувањето на казната затвор во Идризово.
– Најмонструозното е присилувањето да конзумирам таблети за смирување, во присуство на затворските службениците. Морав пред нив да ги пијам таблети од кои се создава зависност. Ми даваа седативи кои ги надминуваат нормалните дози. Во целиот процес бев само физички присутен, ако ме видите на снимките од процесот таму е некој друг Љубе, рече Бошкоски.
Тој во интервјуто говори и за случајот „Кампања“ и за предметот на СЈО „Тортура“, како и за неговиот актуелен и иден политички ангажман.