Партијата ДОМ (Демократската Обнова на Македонија) денес беше избрана за полноправна членка на европските зелени партии на денешната завршна сесија на собранието на Европските Зелени што се одржа во Карлштад, Шведска.
“Со ова ДОМ го заокружи својот развоен пат како зелена партија од Република Македонија и успеа дел од нашето општество да внесе во Европа.
Ова е големо признание и придобивка за партијата, да може рамо до рамо со останатите зелени партии да се бори за напредок на демократијата, човековите права, социјалната правда, како и за заштита на животната средина и борба со климатските промени за спас на Планетата Земја”, се вели во соопштението на ДОМ.