Синодот на БПЦ утре ќе го одржи своето прво редовно зимско заседание на кое се очекува да биде разгледано писмото на МПЦ – ОА од 9 ноември која побара признавање на автокефалноста, а за возврат БПЦ да биде нејзина црква мајка.
Академици, историчари, јавни личности од Бугарија покренаа иницијатива со која бараат бугарскиот Синод да го прифати барањето на МПЦ.
Јавно ги поканија сите граѓани кои сакаат да дадат поддршка утре да се соберат пред зградата на Синодот во Софија со што ќе побараат да се донесе најмудрото решение за писмото.
– Желбата ни е да поддржиме најмирен и најдобар начин за нашите архиепии. Сметаме дека желбата на МПЦ е исклучително важен историски акт кој треба да го добие и најлогичниот крај. Лично не очекувам утре да имаме сензационална реакција БПЦ веднаш да одлучат да биде црква мајка на МПЦ. Утре очекувам св синод да објави дека е примено писмото и дека шќе почне процедура за одлучување. Бидејќи е исклучително важно, тоа писмо може да биде без последици, де факто да се одлучи со молчење. Сепак треба синод да каже дека ќе даде дозвола и дај боже во скоро време да има резултат, вели Горан Благоев, новинар и потписник на иницијативата.
Меѓу потписниците се и Стефан Воденичаров, претседател на Бугарската академија на науките, јавни личности, главни уредници на неколку медиуми во Бугарија, голем број потомци на истакнати македонски дејци како Михаил Развигоров – внук на војводата Мише Развигоров, Елисавета Шапкарева, правнука на Кузман Шапкарев, Христо Матов – внук на револуционерот Христо Матов.
Тие се надеваат дека во натамошното заседавање, БПЦ ќе прифати да биде продолжена рака на МПЦ која прва ќе ја прифати афтокефалноста.
Бугарскиот патријарх Неофит на средбата со бугарскиот претседател Румен Радев пред неколку дена уверувал во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање.
Митрополитот Повардарски Агатангел е единствениот член од Светиот Синод кој не се согласува со писмото што Синодот на МПЦ-ОА го испрати до Бугарската православна црква. Тој го оценува барањето на Синодот на МПЦ-ОА до БПЦ како брзоплето и наивно и оти ќе доведе до национално понижување.Неофицијално во црковните кугови се сборува и за уште едно несогласување со оваа одлука но засега останува неофицијално и непотврдено.