НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Постапка против 36 лица за терористичко загрозување на поредокот

5
By Нова ТВ on November 28, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против  триесет и шест лица поради  основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од ОЈО.

 

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и повеќе други лица кои утрово се приведен по налог на Јавното обвинителство, се во Кривичниот суд, каде даваат исказ пред судија на претходна постапка.

Од судот  информираат дека во моментов и повеќе други лица се изведени пред судија на претходна постапка кој постапува по писмен поднесок од ОЈО во врска со настаните во Собранието од 27 април.

Митко Чавков за време на настаните во април раководеше со оперативниот штаб на МВР. Од пониските структури од МВР тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратеници и пратеници и новинари.

Покрај Чавков, приведени се и други лица, меѓу кои, и пратениците Крсто Муковски, Сашо Василевски и Жаклина Пешевска, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, поранешниот директор на ФЗОМ Сашо Стефановски, екс директорот на МОБ Игор Дурловски и други.

Прстот на вина и одговорност во него го впери и тогашниот министер Агим Нухиу, кој рече дека Чавков не му се јавува на телефон, во критичните моменти.

Чавков досега не беше повикан на распит во Обвинителството за организиран криминал, туку во утринските часови беше затекнат и уапсен од полициските екипи.

апсења ОЈО; 27 април пратеници Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.