НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Македонија оди во добар правец, да се искористи за НАТО и ЕУ

3
By Нова ТВ on November 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија повторно се движи во вистински правец и треба да го искористи позитивниот моментум и поддршката од евро-атлантските пријатели. САД даваат принципиелна поддршка на реформските активности на македонската Влада насочени кон повторно отворање на перспективите за што побрза интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.

Ова е истакнато на средбите на шефот на македонската дипломатија Никола Димитреов во Вашингтон со Вес Мичел, помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот и Моли Монтгомери, специјален советник за Европа и Русија во канцеларијата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Мичел, како што информира МНР, нагласи дека САД остануваат силно посветени да и помогнат на Македонија во таа насока. Тој ја поздрави конструктивната надворешна политика на Владата на Република Македонија и решителноста за надминување на сите отворени прашања во односите со соседите. Мичел исто така изрази благодарност за придонесот на Република Македонија во борбата против глобалниот тероризам.

Димитров го запозна Мичел со сеопфатните реформи во земјата за остварување на највисоките надворешнополитички стратешки цели – интеграцијата во НАТО и ЕУ. Ја нагласи и одлучноста на Владата на Република Македонија за унапредување на односите со соседите со цел, како што посочи, заедно да создадеме европски Балкан.

Во тој контекст беа и разговорите на средбата со заменикот-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји. Димитров детално го информира за реформите во правосудството, администрацијата, безбедносните и разузнавачките служби и за подобрените состојби во сферата на медиумите. Ји оцени дека Република Македонија повторно се движи во вистински правец и ја охрабри Владата да остане фокусирана на реформската агенда и да го искористи позитивниот моментум и евидентната поддршка од евро-атлантските пријатели.

На средбата со специјалниот советник за Европа и Русија во канцеларијата на потпреседателот на САД, Моли Монтгомери, македонскиот министер за надворешни работи истакна дека Македонија има шанса да стане 30-та членка на НАТО и нова Влада е решителна во намерата да не ја пропушти.

Монтгомери рече дека Балканот е високо на листата на приоритети на Белата Куќа, а Република Македонија е една од клучните земји за придвижување напред на целиот регион. МНР Димитров ја оцени како исклучително важна лидерската улога и ангажманот на потпретседателот на САД, Мајк Пенс во промовирање на евро-атлантската иднина на регионот, јасно изразена на неодамнешната средба во Црна Гора со лидерите во регионот.

Министерот Димитров во Брукингс Институтот имаше средба и со поранешниот заменик државен секретар Строуб Талбот, како и со претставници на македонската дијаспора во САД – Обединета македонска дијаспора и Форум за демократска Македонија.

Димитров денеска ќе учествува на конференцијата на Атлантскиот совет на САД насловена „Следната бура? Обликување на балканската иднина во ера на неизвесност“ во чии рамки ќе се обрати на панелот на тема „Голем ризик, голема награда: Справување со долготрајните политички предизвици на Балканот“.

Вашингтон Димитров средби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.