НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: МВР ги бара 12 мината, има сознанија за двојни државјанства

1
By Нова ТВ on November 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дванаесетмината од 36-те осомничени за настаните во Собранието на 27 април оваа година најверојатно се во земјава и полицијата трага по нив, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Издадени се наредби за приведување на 36, а по 12 лица се уште се трага, тие најверојатно се во Република Македонија, изјави Спасовски одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со тоа дали ќе се распише потерница по нив, Спасовски рече дека тоа е обврска на обвинителството и на судот.

Спасовски не сакаше да ги каже имињата на 12-мината по кои се трага, ниту дали меѓу нив има пратеници, организатори на настаните од 27 април, напоменувајќи дека тие податоци не се споделуваат во јавноста во моментов.

За оние кои се притвор, а се вработени во МВР, рече дека има законски норми, кои укажуваат како треба да се постапува во вакви случаи.

– Сите оние кои се вработени во МВР, ако им се одреди мерка притвор, по известувањето нивниот работен однос се става во мирување. За оние за кои досега не се води дисциплинска постапка се отвора можност за поведување на таква постапка, појасни Спасовски.

Во врска со тоа дали МВР учествуваше во креирањето на делото, со оглед на тоа дека се работи за тешко кривично дело тероризам, Спасовски истакна дека улогата на МВР е пропишана во Законот за кривична постапка. Додаде дека кривичните пријави, класификацијата на делата ги работи Основното јавно обвинителство за организиран криминал.

На прашањето дали постојат шанси тие да избегаат и дали некој од нив има фасификуван пасош министерот рече МВР работи на обезбедувањето овие лица да не избегаат и да бидат изведени пред суд.

Во врска со можноста да се зголеми бројот на лицата осомничени за настаните од 27 април, нагласи оти за тоа одлучува обвинителството.

На прашањето дали има сознанија дека некои од тие 12 лица има двојно државјанство Спасовски одговори: „Имаме сознанија, тие сознанија во моментов не се за медиумите и јавноста“.

Обвинителството отвори истрага за 36 лица за настаните од 27 април во Собранието, за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

12 лица 27.април истрага Спасовски тероризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.