НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Тетово била најголемата балканска лабораторија за синтетичка дрога

2
By Нова ТВ on December 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шест лица од Македонија и Србија се уапсени во синоќешната заедничката операција на двете земји, а со поддршка на американската ДЕА, на подрачјето на Тетово, во разбивање криминална група и откривање на најголемата лабораторија за производство на синтентичка дрога на Балканот.

– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со заеднички истражен тим од Србија во координарани активности со ДЕА спроведе меѓународно криминалистичко истражување, со цел сузбивање на организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија, производство и продажба на дрога, изјави на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Извршени се претреси на две локации во Тетово и пет локации во Скопје. Лабораторијата е пронајдена во Тетово.

Како што информира Спасовски откриена е досега најголемата количина синтетичка дрога на просторот на Балканот, а доколку се потврдат првичните проценки ќе биде и една од најголемите заплени во меѓународни рамки.

Според првичните сознанија во лабораторијата во куќа во Тетово се откриени над 125 килограми синтетичка дрога. Станува збор за минимум 500 илјади таблети синтетичка дрога, чија вредност е над 2,5 милиони евра.

Продолжуваат активностите во рамки на операцијата, и како што информира Спасовски, МВР следните денови ќе ја информира јавноста за сите нови моменти од истражната постапка, како и за процесуирањето на инволвираните лица.

Српската новинска агенција Танјуг претходно јави дека меѓу уапсените е и организаторот на групата Милан Зарубица.

Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ по повод заедничката акција на српската и македонската полиција истакна дека ова е еден од најдобрите резултати во запленување на синтетички дроги.

– Многу е добро што е уапсен Милан Зарубица, бидејќи тој се смета за еден од најголемите креатори на синтетички дроги, а на овие простори беше познат по оваа активност и порано, рече Стефановиќ.

Според српскиот министер, оваа запленета синтетичка дрога е многу важна бидејќи станува збор за капдагон, нова синтетичка дрога која е омилена и кај борците на ИСИС.

балканска лабораторија за синтетичка дрога ДЕА заедничка акција македонска полиција Оливер Спасовски Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.