Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Притвор за 7 осомничени за лабораторијата за дрога во Тетово

1
By Нова ТВ on December 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 5, 2017 10:12

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против двајца државјани на Република Србија и петмина македонски државјани осомничени за лабораторијата за синтетичка дрога откриена во куќа во Тетово, соопштија од Обвинителството.

На сите седум осомничени лица по предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на судија на претходна постапка им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Тие се осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик.

-На 30 ноември и први декември, согласно поведената кривична постапка против меѓународна организирана криминална група, што се занимава со неовластено производство и држење заради продажба на тнр. „синтетички дроги“, Министерството за внатрешни работи, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, врз основа на наредби издадени од судија на претходна постапка, изврши претрес на повеќе објекти и локации на подрачјето на Тетово и Скопје.

Во Тетово била најголемата балканска лабораторија за синтетичка дрога

При претресот на локацијата во Тетово е откриена инсталирана нелегална, лабораторија – погон за одвивање на техничко-технолошки процес за неовластена преработка на различни материи и супстанции за неовластено производство на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и големи колични на различни материи и супстанции. На локација во скопско Батинци е откриена опрема и големи количини на материи, за кои основано се сомнева дека се со истата намена, како пронајдените во Тетово.

Од првично извршените вештачења на помал дел од пронајдените супстанции е утврдено дека групата произвела во форма на таблетки вкупно 204.696 парчиња со вкупна маса од 35,044 килограми. Таблетите содржат активна компонента на психотропна супстанца -амфетамин, која е стимуланс на централниот нервен систем класифициран во Листа II на забранети опојни дроги и психотропни супстанции. Во тек се вештачења над останатите пронајдени материи и супстанции за што јавноста континуирано ќе биде известувана.

Продолжува и меѓународната правна соработка помеѓу Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со Јавното обвинителство за организиран криминал во Република Србија за целосно расветлување на случајот.​

дрога лабораторија ОЈО притвор Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.