Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение најави дека денес ќе одржи протест пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари.
„Во знак на револт против неоснованото и неправедно притворање и во знак на поддршка на жртвите на оваа хунта, ВМРО ДПМНЕ денеска ќе организира протест во 16 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари“, пишува во соопштението од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ протестира поради притворот кој им е одреден на лицата кои на 27 април влегоа во Собранието и според обвинението го загрозија уставниот поредок.