Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во официјална посета на Федеративна Република Бразил. Утре, Иванов во Бразилија ќе биде примен од претседателот на Бразил, Мишел Темер, соопштија од неговиот Кабинет.
Во рамки на официјалната претседателот ќе присуствува на свеченото отворање на Амбасадата на Република Македонија во Бразилија, прва резидентна македонска Амбасада во Латинска Америка.
Тој ќе има средби и со Пауло Скаф, претседател на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло и Едуардо Виера, претседател на Федерацијата на индустрии на Рио де Жанеиро.
Претседателот Иванов ќе одржи предавање на тема „Европската бегалска криза – научени лекции” во Бразилскиот центар за меѓународни односи.
Ова е прва официјална посета на Претседател на Република Македонија на Федеративна Република Бразил и на Латинска Америка.