Партнерските земји Јапонија, Јужна Кореја и САД денеска изведуваат заеднички воени вежби како одговор на тензијата на Корејскиот Полуостров по нуклеарните тестови на Северна Кореја.
„Во пресрет на безбедносната ситуација во близина на нашата држава и поради континуираните нуклеарни тестови на Северна Кореја, денешната вежба има за цел да се прошири соработката со силите на САД и Јужна Кореја“, соопштија јапонската морнарица.
Како што најавија кон крајот на минатата недела од Белата куќа, вежбите ќе траат два дена, а учество ќе земат воени бродови на трите држави.
Ова не е прв пат овие три воени сили да соработуваат. Претходно изведувале вежби минимум пет пати.
Јужна Кореја и САД се под постојана закана од Ким Јонг Ун кој не ги почитува санкциите од ОН и предупредувањата од меѓународната заедница и постојано ја засилува нуклеарната програма.