Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое ги одби жалбите за определување притвор за пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка.
„Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка за определување мерка притвор за С.В. и мерка куќен притвор за Љ.Д., опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на Р.М.,Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по одржана седница, донесе решение со кое ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка“, пишува во соопштението на Судот.
Димовски и Василевески заедно со уште неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ беа уапсени за настаните од 27 април во Собранието.