НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддршка од членките на Повелбата за партнерство за влез во НАТО

0
By Нова ТВ on December 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД, и набљудувачите Словенија, Србија и Косово, денес во Скопје учествуваа на состанокот на Партнерската Комисија, со кој претседаваше министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Од министерството соопштуваат дека учесниците размениле мислења за актуелната политичка состојба во регионот и безбедносните  предизвици, реафирмирајќи ја посветеноста и заедничките напори насочени кон стабилна и просперитетна Југоисточна Европа.

На состанокот се разгледале и различните аспекти на досегашната и идната соработка на земјите од Повелбата, со посебен акцент на натамошните заеднички активности во повеќе области, а пред се нивниот придонес во зајакнувањето на безбедноста на регионален и глобален план како и иницирање заеднички проекти со останатите облици на регионална соработка.

Димитров го истакнал значењето на САД – Јадранската повелба за промовирање и зајакнување на мирот, безбедноста и соработката во ЈиЕ и ја реафирмирал определбата и заложбите на Република Македонија за натамошно продлабочување на соработката во рамките на Повелбата, со цел заокружување на европските и евроатлантските интеграциски процеси на регионот.

Притоа ја потенцирал и пораката од американскиот претседател Доналд Трамп, соопштена од потпретседателот Мајк Пенс, дека иднината на регионот е во НАТО и Европската унија и дека САД ги поддржуваат и се трајно посветени на овие процеси, кои ќе ја зајакнат  Европа.

На состанокот, новоименуваниот Национален координатор за НАТО, Стево Пендаровски, во име на Премиерот на Македонија ги пренел неговите пораки за растечкото значење на САД – Јадранската повелба за регионот и неговата европска и евроатлантска интеграција.

Министерот Димитров, подвлекол и дека оваа 2017 година е историска година и за Македонија, во која новата реформска Влада е силно посветена на имплементацијата на сите стандарди на НАТО и ЕУ и планот 3-6-9 и засилено работи на обновување на институциите, на враќање на меѓународната положба и углед на Македонија, на вредностите на демократијата, слободата и владеењето на правото.

Земјите членки дале силна и експлицитна поддршка на Република Македонија за добивање полноправно членство во НАТО во најкус можен рок и дека тоа треба да се случи шо е можно поскоро.

Јадранска повелба МНР Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.