Вардар е актуелен европски шампион во ракомет, а во своите редови сега го има и најдобриот во светот за 2017 година во традиционалниот избор на интернет страницата „Хендбол Планет“. „Ролетарот“ меѓу „црвено-црните“ стативи доби најмногу гласови од жирито составено од 30 новинари, но и од преку 100.000 посетители на специјализираниот ракометен сајт.
Шпанскиот репрезентативец, кој во минатото бранеше за Југославија, има одлична година во Вардар со кој освои пет титули во годината што изминува. Покрај триумфот во Лигата на шампиони во Келн, Штербик вгради огромен придонес и при освојување на титулата во регионалната СЕХА лига како и за трите во доманата сцена (првенство, куп и суперкуп).
Штербик до признанието стигна со 89 гласа, а во идеалната седморка на годината влегоа и четворица играчи на ПСЖ – Уве Геншајмер (82 гласа), Никола Карабатиќ (73), Микел Хансен (71) и Недим Ремили (53), играчот на Барселона, Виктор Томас (53) и Бјерн Мирол од Скјерн (44).