Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски до кандитатите лидери на ВМРО-ДПМНЕ: Не фаворизирам никој

0
By Нова ТВ on December 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 14, 2017 16:40

Никола Груевски, кој е лидер во оставка на ВМРО-ДПМНЕ, преку својот Фејсбук профил, на потенцијалните кандидати за негов наследник во партијата им испрати порака.

Во објавата на социјалната мрежа, Груевски апелира процесот на кандидирање и избор на лидер на престојниот конгрес кој треба да се одржи на 22 и 23 декември во Валандово, да помине во мирна и фер атмосфера.

Во осумте точки наведени во неговиот статус, Груевски порачува дека кандидатите не смеат да се делат според нивниот сегашен статус и функција во партијата.

„Секој член на партијата кој влегува во изборна трка треба да добие ист третман, фер однос, еднакви шанси за преставување и максимална отвореност од секој делегат, ОК или МК во контекст на негово преставување. Не треба да има било каква привилегија за оние кои во моментот се на повисоки партиски функции, во однос на оние кои не се“, пишува Груевски.

Тој исто така апелира кандидатите за претседател да не ја злоупотребуваат партиската инфраструктура за лобирање, особено ако се на високи функции во партијата, како и да не вршат притисок при собирањето на потписите.

„Никого од кандидатите не сум овластил да се повикува на моја наводна ексклузивна поддршка, заради собирање потписи за подршка или гласање. Ниту еден мој соработник, пријател, роднина, колега или било кој сопартиец“, тврди поранешниот премиер.

Меѓу другото, Груевски им потенцира на потенцијалните кандидати дека имаат заеднички политички противник, СДСМ.

„Да не заборавиме дека по 10 дена ќе заврши Конгресот и изборот на нов претседател, ќе треба да се погледнеме во очи, и секој на еден или на друг начин ќе биде потребен во натамошната политичка борба против СДСМ, во целите за понапредна, постабилна и попросперитетна Македонија“, наведува Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ кандидати лидер Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 13, 2026

Мицкоски смени 8 министри

ВЕСТИ July 13, 2026

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за…

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.