НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров: Детали за кредитот за новиот Клинички-другпат

0
By Менче Атанасова Точи on August 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Вака ќе изгледа новиот Клинички центар кој ќе започне да се гради на почеток од идната година, а неговата изградба е предвидено да трае во наредните три години.

Во реализацијата на ова идејно решение била агажирана проектанската куќа АРЕН СРЛ од Италија, во конзорциум со Ин Пума, Прототип и стручниот консултант Клемнс Диц од Германија. По ова следи фаза на изработка на основниот проект кој треба да биде готов за шест месеци, а вкупната сума за изработка на проектот е 1 300 000 евра.

Изградбата на објектот на новиот Клинички ќе чини 70 милиони евра.

Клиничкиот центар ќе биде изграден на просторот на стариот објект на Клиниката за гинекологија и ќе опфаќа површина од 61 500 метри квадратни.

Во него ќе бидат сместени сите клиники освен Инфективна , Клиниката за детски болести и Стоматологија и Максилофацијална хирургија.

Клиниката за радиологија нема да се руши и ќе биде административен објект, а Интерните клиники ќе бидат урнати во целост. Во кругот на Клиничкиот центар ќе бидат изградени две катни гаражи, а секоја од нив предвидува простор за 1250 возила.

Според министерот за здравство Никола Тодоров ова е идејно решение на фасадата на клиничкиот центар, кое е можно да претрпи промени. Гигантскиот објект ќе биде изграден со пари од кредитот на Банката на советот на Европа, а Македонија ќе учествува со котација од 50 проценти во изградбата.

Тодоров не сакаше да зборува за деталите на оваа кредитна линија која граѓаните на Македонија ќе ја исплаќаат во наредните 20 години.

– Ова е многу поволен кредит, а за деталите од кредитната линија во кој државата има сериозно учество во некоја друга прилика, изјави Тодоров.

Инаку, стартот на изградбата на објектот доцни цела година. Уште минатата година министерот Тодоров и премиерот Груевски ја најавија изградбата на новиот Клинички центар која беше предвидено да започне годинава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.