Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Згаснуваат медиумските бастиони на Никола Груевски

23
By Нова ТВ on December 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 17, 2017 19:42

Финансирањето на медиумите е една од предистражните постапки која ја отвори Специјалното јавно обвинителство. СЈО истражува колку пари се слевале во медиумите блиски до претходната власт. Голем дел од парите доаѓале од Владата како реклами, но кеширале и општините, како и фирми блиски до тогашната власт. На сметките на телевизиите легнале милиони евра, пари со кои беше платена пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ. Кога падна Никола Груевски, почна падот и на дел од телевизиите. Повеќе нема реклами, нема пари за плати на вработените, а некои од нив ги бројат деновите до згаснување.

Денеска на полноќ истекува рокот за две регионални телевизии, кои ако не продолжат да зрачат програма ќе почне постапка за одземање на нивната дозвола за работа. Станува збор за ХДТВ Мега, која се гледа во  Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Кичево, како и ХДТВ Канал Плус која зрачи на територијата на Штип, Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Виница. Овие две телевизии пред точно 30 дена, на 17 ноември, беа исклучени од мрежата на Оне.Вип преку која емитуваа програма поради неподмирени обврски кон телекомуникацискиот оператор.

ХДТВ Мега и ХДТВ Канал Плус се сопственост на ист газда, скопјанецот Горан Митев. Пред затворање е и регионалната телевизија ТВ О2 која емитува програма на територијата на Охрид и Струга, а сопственик е Драган Митковски од Скопје.

Овие телевизии почнаа со работа кон крајот на 2014 година. За три години остварија приходи од неколку милиони евра, а сега по падот од власт на ВМРО-ДПМНЕ, неизвесно е нивното опстојување.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медимски услуги за НОВА ТВ велат дека доколку не продолжат да емитуваат програма, од утре почнува постапка за одземање на дозволата за работа. Дополнителниот рок кој ќе го добијат сопствениците за да го платат  надоместокот кон Оне.Вип во износ од 20.000 евра за една лиценца е 15 дена. Ако и дотогаш не ги платат давачките, овие регионални телевизии ќе згаснат.

Сите шест телевизии беа купени во ист ден

Шест регионални телевизии во 2013 година беа купени во ист ден од тројца бизнисмени. Трите фирми кои ги купуваат телевизиите се основани во ист ден, на 17 мај 2013, а шесте телевизии се купени во ист ден 28 мај 2013.

Горан Митев

Горан Митев за 36.000 евра ги купува ТВ Боем и ТВ Д1, кои потоа ги преименува во ХДТВ Мега и ХДТВ Канал Плус. Митев од 2009 до 2012 година работел во Државната лотарија. Оттаму заминува на позицијата извршен директор на фудбалскиот клуб Вардар, каде што останува сѐ до февруари 2014 година. Митев беше и директор на младинските школи во фудбалскиот клуб Вардар.

Емил Парнаџиски

Вториот сопственик е Емил Парнаџиски, кој за 35.000 евра ги купи Канал 3 Дебар и ТВ ВТВ Валандово. Валандовската ја преименува и таа зрачи под името Телеканал А1. Парнаџиски е вработен во државната компанија за пренос на струја МЕПСО.

Независна ТВ, сега ТВ О2, и тетовската Менада ТВ ги купи Драган Митковски за 47.000 евра. Драган Митковски е основач на сметководственото биро „Митковски ММ“ и актуелен потпретседател на Сојузот на стопански комори. Тој бил потпретседател на фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров, а бил е претседател на комисијата за финансиско работење на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Драган Митковски

Владини реклами и пари од бизнис партнерите на ВМРО-ДПМНЕ

Според официјалните податоци на интернет страната на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, телевизијата ХДТВ Мега во 2014, 2015 и 2016 година имала приходи од 1 милион и 71.000 евра. Официјалниот старт на телевизијата е 13 декември 2014 година, само 18 дена пред крајот на годината, а веќе прикажала приходи од 442.000 евра. Во 2015 Мега инкасирала 366.000 евра, а лани 263.000 евра.

Сопственикот Горан Митев ја поседува и ХДТВ Канал Плус, а таа телевизија за три години покажува приходи од 894.000 евра.

Односно, Митев од двете телевизии остварил приходи од 1.9650.000 евра.

Најголем дел од приходите се владини реклами, реклами од локалните власти, но и пари кои се слевале од фирми блиски до претходната власт, кои сега се под истрага на Специјалното јавно обвинителство.

 

 

 

 

владини реклами Никола Груевски СЈО телевизии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.