Членови на опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска протестираа поради како што велат „полициската бруталност“ за време на вчерашниот протест и блокада на граничниот премин Табановце, при што беше повреден еден полицаец.
Денеска се собравме тука да го изразиме овој револт против полициската бруталност и против се она што се случуваше од страна на полициските сили и воедно апелираме и бараме од Судот веднаш да биде ослободено лицето кое е долгогодишен член и активист и виден граѓанин на овој град Куманово. Значи уште еднаш потенцирам лицето е неправно задржано во полициската станици и нема никакви причини и аргументи од они кои што се изнесуваат во јавноста, изјави Марио Цветковски.
МВР соопшти дека денеска ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.Ф. од Куманово за нападот врз полицаецот. Тој се товари за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.