НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Села: Неприфатливи се измислени функции, но остануваме во Владата

2
By Влатко Чаловски on December 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По средбата со премиерот Зоран Заев, лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, изјави дека за нив е неприфатливо да се измислуваат функции преку ноќ за Алијансата да остане во Владата, бидејќи, како што рече, на таков начин се омаловажува партијата која останува посветена на реформите.

Села рече дека на средбата му порачал на Заев да „стокми“ функција, како што рече, „заменик премиер за носење бурек“ која ќе му ја отстапел на ДУИ.

„Ние остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои се прават преку ноќ за да се омаловажува Алијансата за Албанците, такво нешто ние нема да прифатиме. Јас му дадов предлог на Премиерот да стокми уште една друга позиција „заменик премиер за носење бурек“, и после таа позиција ќе му ја дадам на ДУИ. Ние остануваме на нашите ставови дека ќе го држиме Министерството за здравство“, изјави Села.

Села исто така рече дека за Алијансата за Албанците според претходно договореното е прифатлива само функцијата министер за здравство, а дополни и дека Алијансата останува во Владата до процесите на реформите, за што всушност влегле во Владата.

„Нема да правиме договори над договори. Договор за Влада е направен кога се формираше власта и раководевме со Министерството за здравство го правевме тоа успешно. Ако на некој му пречи успешноста, треба да излезе и да каже“, рече тој.

На новинарско прашање дали побарал од Заев друго министерско место, Села одговори дека доколку би се правеле промени, тоа треба да се однесува на сите партии а не само за Алијансата која тој ја предводи.

Воедно тој потенцираше дека остануваат посветени на реформите.

„Ние остануваме посветени на процесите на реформите. Сме ги поддржувале и ќе ги поддржуваме. Сме биле главни актери за да падне режимот, уште ќе бидеме фокусирани и остатоци од режимот кои се останати во оваа влада да сносат одговорност пред лицето на правдата. Правдата е целосна ако се однесува на сите, без разлика дали се работи за сегашни функционери или бивши. Сите кои имаат работено противзаконски, треба да одговараат“, рече тој.

Лидерот на АА му порача на Премирот дека очекува предлогот за министер за здравство до Собрание дека ќе биде од редовите на Алијансата, со што ќе покажел дека е сериозен и дека не зависел од уцени од други политичари.

Заев разговори Села
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.