Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села попладнево по состанокот на Централното собрание што се одржа во Гостивар изјавил дека не ја напуштаат владината коалиција и оти верува дека со премиерот Зоран Заев повторно ќе се сретнат околу условите за нивното останување во коалицијата.
-Ние одлучивме дека ќе бидеме дел од Владата за реализација на програмата која им ја ветивме на гласачите. Ветивме дека ќе ги отвориме и деблокираме процесите, ветивме дека лидерот на Собранието ќе биде Албанец, дека Законот за албански јазик ќе биде одобрен и дека ќе се отворат судските предмети. Процесите започнаа и се очекува да се реализираат во иднина, рече Села.
Села посочил дека на состанокот не се разговарало за излегување од Владата и оти раководството на партијата ги разгледала извештаите од локалните избори.
На состанокот било разговарано и за подготовките за партискиот конгрес којшто ќе се одржи во март.