Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште не одлучиле дали ќе се вратат во собраниските клупи. Новиот лидер на партијата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите опции се отворени и дека конечната одлука ќе ја соопшти по завршувањето на попладневната средба со премиерот Зоран Заев.
-Имаме нов координатор на пратеничката група – тоа е Влатко Ѓорчев, откако Илија Димовски се повлече, рече Мицкоски. Тој негираше дека Димовски се повлекол поради незадоволство и за причините за одлуката упати да се побара одговор од него.
На остататите пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, остануваат истите координатори, додаде Мицкоски.