Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дачиќ: Од ЕУ не предупредуваат поради терминот Република Македонија

0
By Нова ТВ on December 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 27, 2017 08:50

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ синоќа изјави дека во Македонија владее мислење дека Србија работи против таа држава без разлика што тоа е негирано повеќепати.

– Не предупредуваат од ЕУ бидејќи го користиме терминот Република Македонија. Имаме проблеми во преговорите со ЕУ…Велат – мора ПЈРМ. Не удираат по глава што ја признавме Македонија под нејзиното уставно име. Грците се лутат, ЕУ се лути, а Македонија гласа за Косово во Унеско. Сакате да бидеме пријатели? Ќе бидеме, но тоа мора да биде обострано, наведе Дачиќ во интервју за телевизијата Хепи, пренесува МИА.

Во интервјуто, чии делови пренесе Танјуг, тој вели дека „само слеп човек може да верува“ дека е ставена точка на проблемите на Балканот.

– Регионалните конфликти ќе траат се додека траат и причините за тие проблеми – ако сите проблеми ги ставате под тепих ќе се сопнете од нив, изјави Дачиќ.

– Дали се оддалечени проблемите поради кои почнаа војни на Балканот – не се. Ова е само интермецо меѓу некои нови судири, не поради Србите, туку поради нерешените прашања на Балканот. Ако големите сили тоа не го разбираат, тие прават проблеми, ќе се вртиме во круг, истакна тој.

Зборувајќи за притисоци на големи сили на држави кои не го признале Косово, Дачиќ директно ги посочи САД, Велика Британија и Франција.

– Јас не можам да кажам дека тие ни се пријатели, нека извини претседателот Вучиќ. Тие не работат за наши интереси, тие работат против нашите интереси. Може да ги почитувам како партнери, но далеку од тоа дека ни се пријатели, истакна тој.

Според него, „Русите се пријатели, наши браќа“.

– Русија нема да дозволи Косово да стане членка на ОН бидејќи имаат право на вето, напомена Дачиќ.

Во врска со односите во регионот Дачиќ укажа дека Србите во Словенија немаат статус на национално малцинство, дека во Хрватска Србите некогаш биле конститутивен народ и дека Хрватите сега се проблем за БиХ.

Дачиќ ЕУ Косово ПЈРМ РМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.