НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првите штитеници од Демир Капија во 2018 ќе го напуштат Заводот

0
By Нова ТВ on December 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во првата половина од следната година се очекува првите штитеници од Демир Капија, со кои се работи во претходните четири месеци, да ја напуштат оваа институција и да се згрижат соодветно надвор од институцијата, најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

– Процесот на деинституционализација или процесот на трансформирање на големите нехумани институции е почнато. Во фокусот се децата во „Демир Капија“ и бебињата од Битола како прв излез и потоа ќе се оди група по група и сите да добијат соодветно сместување – рече министерката Царовска и додаде дека ќе се направат обиди големите институции да се трансформираат до 2020 година и да нема ниту една таква.

Појасни дека во заводот во „Демир Капија“ веќе се работи четири месеци. Со децата работи тим од дополнителни 15 негуватели и стручни лица, кои работат на нивно осамостојување, и се очекува првите излези од таму да бидат во првата половина на 2018 година.

Оцени дека тоа е процес што трае и оти нема да се оди итно затоа што се сака да биде стабилен и да се сигурни дека до 2020 година ќе се трансформираат најнехуманите меѓу кои се смета „Демир Капија“.

Министерката вели дека процесот се работи заедно со вработените и уверува оти сите ќе добијат подобри услови и за работа и за сместување.

– Носиме стратегија за сите големи. Одиме со самостојно живеење со поддршка во заедницата како една форма. Згрижувачко семејство е најпосакуваната форма и ќе имаме кампања за поттикнување на семејства да се пријават како згрижувачи и третата е мали групни денови – изјави Царовска.

За домот за доенчиња во Битола потенцира дека тоа е една тема која бара јавна дискусија и дека не треба да се дозволи децата што се раѓаат да бидат институционализирани, бидејќи, како што рече, тоа има влијание на нивниот развој.

За згрижувањето во семејства како форма истакна дека е најдобра и најтопла и посочи дека во Министерството се работи бројот на згрижувачки семејства да се зголеми за што поголем број бебиња да се извадат од Домот во Битола. Според неа, бројот на активни згрижувачки семејства во моментов изнесува над 100.

Покрај деинституционализацијата на децата во „Демир Капија“, Царовска, информира дека се работи и на деинституционализација на три деца во Заводот во Топанско поле и да се згрижат на почетокот на јануари.

Демир Капија Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.