Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПЛО: Правата на Палестиниците не се на продажба

0
By Нова ТВ on January 3, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 3, 2018 11:45
Палестинската ослободителна организација (ПЛО) соопшти дека „правата на Палестинците не се на продажба“, реагирајќи ги заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на финансиската помош, доколку одбијат продолжување на мировните преговори со Израел.
Членката на Извршниот комитет на ПЛО, Ханан Ашрави оцени дека заканата на Трамп претставува уцена.
– Нема да дозволиме да бидеме уценувани. Претседателот Трамп ги саботираше нашите заложби за мир, слобода и правда, изјави Ашрави.
Таа го обвини Трамп дека сега се обидува вината за своите „неодговoрни постапки“ да им ја префрли на Палестинците.
– Признавајќи го окупираниот Ерусалим за израелски главен град, Доналд Трамп не само што ги прекрши меѓународните закони, туку и во целост ги уништи самите темели на мирот и ја одобри израелската илегална анексија на градот, порача Ашрави.
Како што претходно јави МИА, Трамп синоќа оцени дека мировниот процес на Блискиот Исток е во ќор-сокак и се закани дека ќе ја запре финансиската помош за Палестинците.
– Им плаќаме на Палестинците стотици милиони долари годишно и не добиваме ниту благодарност, ниту почит. Тие дури не ни сакаат да преговараат за премногу одологовлечениот мировен договор со Израел. Ние го „повлековме Ерусалим од масата“ – нејтешкиот дел од преговорите и поради тоа Израел ќе треба да плати повеќе. Но, бидејќи Палестинците не сакаат да преговараат за мир, зошто воопшти во иднина да правиме такви големи исплати, напиша Трамп на неговиот Твитер налог.
Трамп досега во неколку наврати изрази подготвеност да посредува во преговорите за мир на Блискиот Исток, со цел постигнување конечен договор меѓу Израел и Палестинците, но по неговата одлука да го признае Ерусалим за израелски главен град, палестинските автономни власти најавија дека нема да прифатат посредништво на САД во мировниот процес
Доналд Трамп закани Палестина Палестинска ослободителна организација ПЛО финансиска помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.