Женскиот дел на Австралија опен ќе биде посиромашен за Серена Вилијамс. Американката го откажа учеството во Мелбурн со образложение дека не е доволно подготвена за турнирот на кој требаше да ја брани титулата.
Поранешната најдобра светска тенисерка се врати на терените во претпоследниот ден од 2017 година, но загуби од Јелена Остапенко во првиот официјален меч по неколкумесечната пауза и породувањето во септември.
„Можам да се натпреварувам, но не сакам да бидам само учесник. Сакам многу повеќе од тоа. Затоа ми треба малку повеќе време“, порача освојувачката на 23 гренслем титули во кариерата.
Австралија опен почнува на 15 јануари и ќе трае до 28 јануари, а сега е извесно дека првиот гренслем во сезоната ќе добие нова шампионка по откажувањето на Серена Вилијамс која седумпати победуваше.
Настапите во Мелбурн досега ги откажаа Енди Мареј и Кеи Нишикори. Сè уште се чека одговор од Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.